Header Ads

(Фото) Фики Стораро направи феноменален концерт во Cafe Bar Select во Струмица

Фики уште со самата појава на музичката сцена, ги освои срцата на публиката во Бугарија,но дека е доста почитуван и сакан и зад граница се потврди и со неговиот настап во Cafe Bar Select во Струмица, кон крајот на јануари.

Пејачот на 2015 година, ги израдува присутните не само со своите попфолк хитови, но и со познати македонски народни песни, со што настапот се претвори во еден мал концерт, на кој Фики направи и премиера и на својот прв музички албум Is This Love”, кој излезе кон крајот на минатата година.
Пејачот кој  е дел од музичката продукциска музичка куќа „Пајнер“, не го скри своето задоволство од топлото гостопримство во Македонија и сподели дека наскоро очекува повторно покана за настап во нашата држава.

Автор- Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв, Cafe Bar Select

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.