И покрај напреднатата бременост, Джена продолжува со своите настапи и овој месец!
Ѕвездата на телевизија „Планета“ – Джена ги израдува
своите бројни обожаватели со веста дека нејзините настапи и во месец јануари
продолжуваат.
Поради големиот интерес и фактот дека таа се чувствува
одлично и во топ форма покрај напреднатата бременост, таа ќе има уште шест
настапи низ клубовите во Бугарија овој месец. Првите две музички средби со нејзината
публика се закажани за на 12 јануари кога Джена ќе пее за своите обожаватели во
Софија, а домаќин на настапот е познатиот Megami Club, а пејачката ветува многу
добро расположение и добра музика. Додека пак, следниот ден на 13 јануари, забавата
продолжува во Пловдив во Spirit Club.
На 19 јануари
домаќин на нејзиниот настап ќе биде Night club the face во Благоевград, додека пак на 20 јануари
ќе се радуваат нејзините фанови во Стара Загора, а на 21 и 25 јануари се датите на кои ќе бидат одржани последните настапи во Пловдив и
Софија, пред да замине Джена на заслужен одмор.
Таа е исто така доста активна и на социјалните мрежи и не пропушта да ги
информира своите фанови за најинтересните работи кои се случуваат околу неа.
Таа пред неколку дена објави неколку свои кадри во снежна Софија, на која
изгледа повеќе од одлично, а во меѓувреме и работи по нови попфолк и фолкорни
песни кои ќе бидат претставени после раѓањето на нејзиниот прв наследник.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments