(Фото) Џесика Палашоска подготвува нов музички албум
Младата македонска пејачка Џесика Палашоска, подготвува
нов музички албум, кој ќе излезе наскоро.
Таа не крие дека е
среќна од фактот што на публиката и се допаѓа она што таа им го предложува како
видеопродукција, песни и албуми, а тоа ја стимулира да биде уште попродуктивна
и поодговорна, кога се во прашање музичките проекти што ги подготвува.
„Албумот содржи
вкупно 12 песни и претставува mix од сите мои најдобри песни што досега ги имам
издадено, плус во него вклучив две чисто нови песни, за кои се надевам дека ќе
им се допаднат на публиката“ – изјави таа ексклузивно за нас.
Покрај подготовката на музичкиот албум, нашата атрактивна
пејачка се подготвува и за турнеја во Австралија, на која заминува заедно со
нејзните колеги Татијана Стефановска и Спасен Силјаноски. Турнејата ќе започне
на 17 фебруари во Мелбурн и ќе продолжи сѐ до 11 март, кога е закажан
последниот концерт во Перт.
Автор - Наташа Секуловска
No comments