(Фото) Преслава: "Доста беше одмор, време е за концерти. Лондон, доаѓам“
Дубаи е меѓу омилените дестинации за бугарските ѕвезди на „Планета Тв“ и “Планета
Фолк“ - Преслава и Ивелина Колева. Само неколку дена откако Преслава изнесе грандиозен концерт во Валенсија ( Шпанија) и азиската незаборавна авантура на Ивелина Колева во
Тајланд, двете сестри се собраа за ново патување.
Имено, тие се вратија вчера од еднонеделниот одмор во Обединетите Арапски Емирати, заредени со многу позитивна енергии и впечатоци, спремни за своите концертни настани ширум Бугарија, но и пошироко.
Дубаи и Абу
Даби уште еднаш ги пречекаа пејачките,
за да им ги понудат најдобрите можности за релаксација и забава. Се разбира, дамите
не пропуштија да се запознаат со
последните модни трендови во бутиците на Dubai Mall, но и да се прошетат низ
најпознатите места кое ги нуди ова туристичко место.
Преслава пак го избра
одморот во ОАЕ помеѓу два свои концерти во Шпанија и Велика Британија. Имено, таа на
4 март ќе биде музички домаќин во "The Alice" во
пресрет на Меѓународниот ден на жената во Англија.
Во срцето на Лондон, бугарите
и сите љубители на добрата музика ги очекува незаборавна забава со повеќе пати
најнаградуваната „Пејачка на годината“ во соседна Бугарија. Таа пак од своја страна вети дека
ќе ги исполни своите најголеми хитови, но забавата нема да помини и без
народните песни, кој секогаш се омилени помеѓу иселениците во странство.
Автор - Наташа Секуловска
No comments