Борис Дали и порачува на Елена Велевска „Ќе си моја”!
Поп-фолк пејачката Елена Велевска не мирува. Откако ја
претстави песната „Една е мајка“, чие видео го сними ИН продукција и предизика силни емоции кај
македонската дијаспора, таа сними уште еден нов видеоспот.
Покрај тоа, што деновиве се очекува по Планета Тв во соседна Бугарија, да излези
видеоспотот за песната „Погледни
ме за край“, за кој беше задолжена екипата на Томато продукција и
се снимаше во хотел „Изгрев“ во Струга, Елена сними и нов видеоспот во Софија,
повторно наменет за тамошниот пазар.
Станува збор за дуетна песна во која пејачката рапува, а
е снимена со еден од најпознатите машки вокали во соседна Бугарија – Борис Дали.
Музичкото парче се вика „Ќе си моја“ и е по текст на Росен Димитров, додека пак
авторот на композицијата засега се држи во тајност. Режисер на високобуџетниот
спот е Љубомир Иларионов – Љуси, додека пак за одличниот изглед на Елена се
погрижи Џулија Ангелова.
„Пред помалку од месец дена во музичко студио во Софија
ја снимивме песната,среќна сум што мојата втора песна која е наменета за
бугарскиот пазар ќе биде дует со една од
најголемите тамошни машки ѕвезди - Борис Дали.Овој пат пеам на бугарски јазик и
сите оние кои ја слушнаа песната им се допадна, позитивно се изненадени од
мене, бидејки во оваа песна рапувам и е поинаква од се она кое досега мојата
публика го има слушнато од мене“. -ни изјави Велевска.
Во прилог, ви претставуваме ексклузивни слики од
снимањето на спотот за песната „Ќе си моја“, која се очекува да излези наскоро.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments