Header Ads

Ексклузивно:Бугарската пејачка Джена стана мајка за прв пат!

Денес (24.03) бугарската ѕвезда на телевизија „Планета“ Джена и нејзиниот сопруг Атанас, станаа родители  за прв пат, по што пејачката ќе ја памти оваа дата засекогаш. Нивното синче ќе ја продолжи традицијата и ќе се вика Атанас Стоев III, а се роди ова утро во Софија.

Месец март и донесе на пејачката многу пријатни моменти. Покрај прославата за нејзината 10 годишна музичка кариера овој месец, таа на свет го донесе и своето прво дете. Не помалку радосни од неговата појава се Надја и Атанас Стоев, кои споделија пред телевизија "Планета" дека се надеваат нивниот внук да го наследи музичкиот талент на фамилијата.
Estrada World го честитат раѓањето на малиот Наско, со желби за среќно и безгрижно детство.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв  

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.