(Видео) Рајна ја започна новата година со екранизација на песната „Гинка“
Рајна одлучи да ја
започни новата година со нов видеоспот, кој овој пат е кон нејзина омилена
народна песна “Гинка“, која беше
вклучена во нејзиниот петти народен албум „Българийо, една” кој излезе минатата
година.
Изборот не е случаен,
затоа што оваа песна се претвори во една од омилените песни на слушателите на
овој тип на музика, а нејзините обожователи веќе се радуваат на песните
вклучени во овој албум.
„Да ја испеам оваа песна
ми ја предложи Георги Нанов со кој работам долги години. Но, тоа кое ме
привлече во песната е нејзиниот автентичен звук и ритам, кој веднаш те насочува
да започниш едно оро. Досега немав пеено таква песна и сум задоволна од тоа што
го направив“- сподели Рајна за Планета Фолк Тв.
За современиот аранжман
на песната Рајна се довери на Светослав Лобошки, а за одличниот видеоспот на Иван Димитров – Torex, а во прилог погледнете
ја:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета Фолк ТВ
No comments