(Видео) Погледнете го бруталниот MASHUP на Джена
Джена даде силен старт
на 2021-та година со нејзиниот прв MASHUP на две од нејзините омилени балади.
Станува збор за песните на Ориент Експрес – “Слънчице мое“ и “Тез очи зелени“.
Со многу емоции ги
претстави двете песни познатата бугарска пејачка, а нејзиниот MASHUP веќе се
радува на огромен интерес и до овој момент брои над 1.500.000 прегледи во YouTube,
а Джена по тој повод изјави:
„Скапи мои пријатели ви
благодарам за убавите зборови и љубовта. Вие ми давате крила и ме терате да се
смеам. Ве сакам бескрајно. 2020-та
година беше тешка година, но потребна за да не се самоуништуваме повеќе. Убавото
доправа следува, затоа да му се заблагодариме на Бога и да се радуваме на
животот. Ве сакам“.
Зад успехот на овој MASHUP
стојат Велислав Драганински (аранжман), Атанас Славов – Насти (текст) и
Радослав Георгиев (режисер). За време на снимањето на новиот MASHUP, пејачката
сними и нова фотосесија која може да ја видите во делот Галерија, која е дело
на фотографот Георги Малев.
Фото: Георги Малев
No comments