Header Ads

(Видео) „Казна“ на Роксана и Вања Лакатош жние успеси во Србија

 


Еден од најголемите хитови на пејачката Роксана, доби и своја српска верзија како што најавивме претходно. Овој пат песната е во дует со нејзиниот колега Вања Лакатош  од Србија и беше претставена под името „Казна“. Песната може да ја гледате и по телевизија Планета, но исто така Роксана и Вања ја претставија на големата сцена на Гранд Парада во програмата  на Гранд телевизија, за што добија многубројни позитивни коментари.


„Ова е еден од оние моменти кога не знаеш како да реагираш, дали да плачеш или да се смееш, али од среќа. Така се чуствував јас пред десет години кога г-дин Слави Трифунов го извика моето име Антоанета Антолиева Линкова, а јас застанав до него и тој го оцрни мојот талент. Така се чуствував на својот концeрт во Турција и кога телевизија Планета ме претстави како свој изведувач на големиот конецерт по повод 10-тиот роденден на нашата медија. Благодарам на Гранд телевизија за доброто добредојде, за мене беше чест и задоволство“ - изјави Роксана за нас, веднаш по слегувањето од големата сцена на Гранд.


Потсетуваме дека песната „Спомени“ е авторско дело на Роксана, со аранжман на композиторот Мартион Биолчев. За српската верзија овој пат за текстот е заслужен Стеван Симеуновиќ, додека пак за видеото е Јордан Петков, а во прилог, слушнете ја песната која до овој момент брои повеќе од еден милион прегледи.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.