(Видео) Теодора освојува со новата балада „Ангел без криле“
„Ангел без криле“ е најновата балада на позната бугарска
пејачка Теодора, која ја претстави по повод празниците и може да ја погледнете
во каналот на Фен тв во YouTube, како и во нивната празнична програма.
Баладата ја освои публиката со силниот емотивен текст, но
и со прекрасното видео снимено на четири локации во Америка, каде што Теодора
живее веќе неколку години, но тоа не и претставува пречка да подготви и чисто
нов албум кој поради состојбата со пандемијата, не излезе оваа година, а
ексклузивно ви откриваме дека ќе биде целосно исполнет со балади, од кои на
публиката веќе познати и се „Страх ме е от любовта“ и „До последен дъх“, со
кои се врати на музичката сцена минатата година.
„Во мојата кариера сум имала многу хитови. Ги сакам и
брзите песни, но решив да се вратам на сцената со албум со балади, затоа што
тие секогаш ме допираат на еден поразличен начин. Во секоја од песните вложив
многу срце и дел од мојата душа. Со мојот тим работивме многу по композициите,
по текстовите и се надевам моите обожователи ќе се преоткријат во него.“ –
сподели за нас Теодора.
Во прилог, погледнете ја песната:
Фото: Diapason Records
No comments