(Фото) Александра во новогодишна фотосесија со секси Дедо Мраз
Александра по повод Новогодишните и Божиќните празници ги
израдува своите обожователи со нова фотосесија, во која учество зема и
познатиот актер Мартин познат на публиката од серијата „Под прикритие“.
На фотографиите кои таа ги сподели на социјалните мрежи,
предизвикувајќи позитивни коментари се дело на фотографот Тихимир Драганов, а
стајлингот е целосна нејзина идеја и е во дух со празниците кои секогаш носат
ведрина и љубов, макар и во овие тешки мигови со кои ја испраќаме оваа 2020-та
година.
Потсетуваме дека оваа година, Александра претстави две нови песни, од кои последната „Недостъпен“ ги освои срцата на слушателите и секој ден собира се поголема популарност, што говори доволно за нејзината посветеност кон музиката последниве десет години од нејзината кариера.
„Божиќ ми е омилен празник и за жал оваа година нема да
можам да бидам со моите обожователи за да пролсавиме заедно. По тој повод
одлучив да ги израдувам со нова фотосесија. Ви посакувам на сите светли и
весели празници, исполнени со љубов“- сподели Александра за нас.
Во прилог погледнете ја фотосесијата, која може исто така
да ја откриете и во делот Галерија.
Фото: Тихомир Драганов
No comments