Header Ads

Елена Јовческа и Сања Ристеска најaвија новогодишен музички спектакал

 


Елена Јовческа и Сања Ристеска по повод Новогодишните и Божикните празници најавија голем музички проект кој неодамна го снимија во продукција на ИН Тв, а ќе биде претставен под насловот „Македонија вечна“.

Ексклузивно ви откриваме дека овој спектакал ќе се состои од микс од македонски патриотски песни, во кој ќе бидат вклучени и два дуети на нашите две познати пејачки, а тоа се кон песните „Мајка“ и „Море сокол пие“. Тон мајстор на миксот е Никола Кочанковски - Кочан, а ќе се емитува на Ин Тв, но и на останатите македонски тв станици.



Исто така публиката ќе има можност да ужива и во некои од најголемите хитови на Елена и Сања, за кои сме сигурни дека ќе придонесат за добро расположение и добар старт на новата година.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.