Header Ads

(Видео) Песната „Ножът” на Џулија и донесе неверојатен успех!

 


Џулија ја започна новата година со нова песна и видеоспот, откако минатата година ги освои срцата на публиката со песната „Чужда“. Песната Ножът  ја направи својата премиера по Планета Тв, а во официјалниот канал на телевизијата во YouTube регистрира над 1.600.000 прегледи што е доказ дека интересот кон неа не е мал и расте секој ден.

Ножът е по музика и аранжман на композиторот Дејан Асенов, додека пак за текстот овој пат се погрижи Анастасија Мавродиева. Режисер на видеото е Људмил Иларионов - Љуси, а во него имаме можност да ја видиме Џулија во едно секси издание кои ги воодушеви обожователите, кои побрзаа низ социјалните мрежи да искоментираат дека изгледа повеќе од одлично.




„Среќна сум што успеав да ве израдувам. Сепак тоа ми беше и целта. Сакав да пуштам песна во ритам „од нашите“ како што треба и силно се надевам да си ја пееме заедно што побрзо во дискотеките. Може да сум реалист, но сум железен оптимист“- изјави Џулија, непосредно по премиерата на песната.

Во прилог, погледнете ја песната за која веруваме дека ќе ви се допадне и ќе стани еден од хитовите на оваа сезона:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.