Header Ads

(Видео) „Двама“ е зимскиот подарок за обожователите на Анелија

 


Бугарската пејачка Анелија ги изненади пријатно своите обожователи со нова песна,  во последните денови од 2020-та година.

Станува збор за долгочекуваната премиера на нејзината најнова балада која носи наслов „Двама“. Песната раскажува за љубовта дека никогаш не згаснува, ако две души вистински се сакаат и тие секогаш ќе најдат начин да бидат заедно  до крајот на својот живот. Силниот текст го напиша Петја Радева, додека пак овој пат музиката е дело на композиторот Велислав Драганински, заслужен за еден од најголемите хитови на бугарските изведувачи во соседна Бугарија. Режисер на видеото е Стефан Маринов (Buddubbaz Tape), со камерман  Петко Андонов.



Во прилог, погледнете ја баладата која нема да ве остави рамнодушени и веќе е еден од хитовите на оваа сезона:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.