Бони смела и категорична: „Не заборавајте да го зграпчите животот“!
Една од емблемите на
бугарскиот попфолк Бони, одлучи своите обожователи да ги израдува со нова
песна.
Песната „Стриптийз“ е
најновиот видеоспот на пејачката кој може да го гледате во нејзиниот официјалниот
канал во YouTube – Boni (Official). Парчето е по музика и аранжман на Дејан Асенов, со
текст на Мариета Ангелова, додека пак режисер на видеоспотот е Добромир Николов,
кој овој пат прати една љубовна историја во која се покажува дека
изневерувањето не е убаво нешто и дека предизвикува голема болка, која никогаш
не зараснува. Во него во главна улога ќе го видиме и бугарскиот инфлуенсер Стефан
Попов.
„Можеме ли да не се повредуваме?!
Можеме ли да не се караме и да не изневеруваме?! Не е ли поубаво таквите ситуации да ги
претвориме во една љубовна игра и интересен филм? Филм, кој може да ни даде нов
поглед на нашиот живот... слушајте ја и се забавувајте на ,,Стриптийз” и не заборавајте да го зграпчите животот и да не
попуштате во својот избор! Со љубов, ваша Бони“.
Во прилог, погледнете за
што станува збор:
автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива/Бони
No comments