Header Ads

(Видео) Галена: „Запомнете - љубовта се докажува секој ден!“

 


Попфолк дивата Галена даде силен старт на 2021-ва година со својот музички проект „Къде беше ти“, која песна може да ја погледнете во нејзиниот официјален канал во YouTube - GALENA, како и по програмата на телевизија Планета, а пејачката ја откри и историјата на песната:

„Односите меѓу две души можат да бидат убави, но можат да бидат и грозни, но никогаш вечни. Затоа ценете ги луѓето кои се во вашиот живот, пред да е претерано касно. Благодарам на тимот одговорен за создавањето на оваа песна, затоа што оваа песна ме допре на начин по кој многу ретко се чуствувам. Се надевам истото ќе се случи и со Вас. И запомнете - љубовта се докажува секој ден!“.



Песната е дело на Меди и Александар Асенов, со аранжман на Александар Асенов и Даниел Ганев, додека за текстот во кој ќе се пронајдат многу девојки е дело на  Мариета Ангелова. Видеоспотот е дело на Виктор Антонов, со камерман на Радослав Гочев.

Всушност оваа песна е подарок за нејзините обожователи по повод нејзините 17 години на музичката сцена, откако е дел од големото музичко семејство на фирма „Пајнер“, а нејзините изненадувања следуваат, затоа што Галена е позната по тоа да биде секогаш различна со своите проекти, кои се претставени на највиско ниво.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.