(Видео) Лорена: „Кога музиката раскажува истории“
Бугарската пејачка Лорена смело чекори по патот на музиката,
градејќи успешна кариера и во моментов е една од најбараните изведувачки, редејќи хит зад хит.
„Со задоволство ви претставувам нешто ново, различно и од
срце! „Црна орхдија“- кога музиката раскажуваа истории...“ вака талентираната
пејачка ја најави својата најнова песна која се врти по програмата на Hit Mix
Music TV. Песната е напишана од страна на Петар Петров и Александар Попов,
додека пак музиката која веднаш ги освои срцата на слушателите овој пат е соработка помеѓу композиторот Дејан Асенов, Петар Петров и Александар Попов. Видеоспотот за кој можеме да кажеме
дека е на светско ниво и нaиде на одлични коментари од страна на публиката, го режисираше Станислав Христов – Стенли, а за
време на снимањето Лорена сними и нова фотосесија која екслузивно за
прв пат ви ја покажуваме, а е дело на фотографот Теди Грозданов.
„Секогаш сум споделувала дека е најважно како тоа го
покажуваш. Во секојдневието си се потпирам целосно на мојот сопствен вкус. За
проектите работам со тим, заедно разгледуваме идеи и донесуваме решение. Сакам
да еспериментирам, но никогаш не би облекла нешто што не ми се допаѓа, не би ја
направила косата на начин на кој мене не ми се допаѓа, дури и да е актуелно“ –
категорична е Лорена, а целото интервју со неа може да го прочитате во
делот Интервју.
No comments