Header Ads

(Видео) Емануела остана верна на својот стил - Погледнете го нејзиниот најнов хит!

 


Сексапилната Емануела, одлучи да ги израдува своите обожователи со нова песна, проследена со одличен видеоспот, која премиера беше повеќе пати одложена поради состојбата со пандемијата со коронавирусот.

„Направо в коша“ е по музика и аранжман на композиторот Дејан Асенов, додека пак стиховите се дело на Петар Петров и Александар Попов. За видеото пејачката се довери на режисерот  Добромир Николов, кое е снимено по идеја на Петар Петров и Александар Попов.



Типично за себе си, Емануела остана верна на својот стил и ги израдува фановите со нешто оригинално и различно од се што до овој момент има претставено. Видеото за само неколку дена регистрира рекордни 1.039.000 прегледи  во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial и до овој момент е најгледано видео за толку краток период.

Во прилог, погледнете го новиот хит:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.