(Видео)Джена прославува 14 успешни години на музичката сцена со нова песна „Моят номер“ !
Денес е специјален ден за бугарската пејачка
Джена која прославува успешни 14 години на музичката сцена, откако е дел од музичкото семејство на
компанијата „Пајнер“ во соседна Бугарија.
По повод оваа прослава, Джена ја претстави по телевизија Планета својата најнова песна „Моят номер“ која за само нецели 24 часа регистрира над 200.000 прегледи во официјалниот канал на телевизијата во YouTube - PlanetaOfficial и веднаш успеа да го привлече вниманието на публиката, бидејќи брзата мелодија и силниот текст се тајната формула за успех на изведувачката низ сите нејзините години на музичката сцена.Текстот на нејзиниот нов хит е дело на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, додека автор на парчето е Даниел Ганев. Видеоспотот е снимен од страна на режисерот Виктор Антонов, уште на 8-ми декември минатата година, но премиерата на песната беше одложувана поради состојбата со пандемијата со коронавирусот.
Во прилог, погледнете го нејзиниот нов хит,
за кој веруваме дека ќе ви се допадне и на вас и ќе се претвори во нејзин
златен хит:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото:Георги Малев/Планета ТВ
No comments