(Видео) Борис Дали со видеоспот снимен во Чикаго ја прослави својата годишнина на сцената
Борис Дали |
Без сомневање, Борис Дали е еден од бугарските
изведувачи кои со своите песни ги освои срцата на публиката пред 15 години,
градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е
признаван од страна на негови колеги, но и од публиката. Самиот тој
признава дека одамна ја избрал музиката за своја професија и верува дека со
време ќе успее да ги реализира сите свои цели.
По тој повод тој ја претстави својата најнова песна која
жнее рекордни успеси на гледаност по социјалните мрежи, а го носи насловот
„Лошите момчета“. Она што е интересно овој пат е што видеоспотот е снимен во
Америка во Чикаго од страна на режисерот Људмил Иларионов – Љуси, со камерман
Иван Иванов.
Борис Дали |
„Од мали нозе ја сакам музиката, таа ми е едноставно во
крвта. Татко ми се занимава со музика и создава песни, од таму
можеби ја наследив љубовта кон неа, едноставно многу ја сакам и ме исполнува.
Сега ќе ви раскажам нешто од моето детство. Еднаш кога бев многу мал скришно
излегов од дома, моите насекаде ме барале, а јас сум заминал во еден ресторант
каде што имало жива музика за да ја слушам хаха. Потоа започнав да свирам на
хармоника и да пеам и си ја започнав мојата кариера“ – сподели тој
за нас.
Неговите обожователи се категорични дека оваа песна е во
неговиот стил по кој е препознатлив, како песните „Пръскам хонорари“ и „ Няма
да съм твой“.
Фото - Планета ТВ
No comments