(Видео) Елена Јовческа изненади со нова песна за време на карантин. Погледнете ја „Грешна љубов“
Елена Јовческа |
Елена Јовческа по неверојатниот успех кој го имаше со
последната авторска песна „Не ме допирај“ минатата година, ја продолжува
својата мисија со претставување свои авторски музички дела.
Таа пред неколку дена успеа да ја запиши песната „Грешна
љубов“, а вооедно со тоа и да сними иновативно видео на неа кое денес беше
официјално претставено во нејзиниот канал во YouTube, со оглед на новонастаната
ситуација во која се наоѓаме поради коронавирусот, почитувајќи ги пред сѐ владините мерки. Во него од своите домови се вклучуваат нејизните колеги Илија Филиповски од Maestro
band, Маја Михајловска од Destiny
quartet, Никола Стојановски - Instrumental band, Дарко Аврамовски - Kalabalak
band, Марјан Ртоски - Melos band и пратечкиот вокал Марија Митровска, која мора да напоменеме дека е одличен вокал
и сигурни сме дека ќе изгради успешна музичка кариера.
„Мојата најнова карантинска песна, благодарност до моите
колеги кои прифатија да бидат дел од овој проект. Се надевам ќе ви се допадне
„Грешна љубов“, затоа што сите ние сме имале барем по една таква. “ – изјави Елена
за нас.
Во прилог, погледнете ја песната:
Фото - Лична архива
No comments