(Видео) Галена ги надмина очекувањата на публиката со песната „100 живота“
Галена |
Бугарската попфолк пејачка Галена, после кратката пауза
поради пандемијата со коронавирусот, одлучи сепак да ги израдува своите
обожователи со чисто нова песна која го носи насловот „100 живота“.
Песната ги надмина очекувањата на сите, затоа што веднаш
по појавата за нецели 48 часа регистрира над 900.000 прегледи и е на првото место по гледаност во
YouTube во соседна Бугарија.
„После два месеци во изолација, мислам дека дојде
моментот да започниме малку по малку да се враќаме кон претходниот начин на
живот и среќна сум да ја споделам со вас мојата најнова песна. Се надевам дека
успеав да ви подарам малку среќа во овие тешки времиња. Сакам да им се
заблагодарам на целиот тим кој работеше по нејзиното создавање, посебно на Иво
Арков за тоа што херојски истрпи сѐза време на снимањето“ - изјави таа.
„100 живота“ е дело на Даниел Ганев и Ервин Гонџи, со
текст соработка помеѓу Анастасија Мавродиева, Сиана и Мирослав Митев. Видеото
кое доби коментари дека е по светски тренд е дело на Виктор Антонов, со
камерман Радослав Гочев. Во него специјална улога има и Иво Арков.
Во прилог погледнете за што станува збор:
Фото - Викторија Сиракова
No comments