Header Ads

(Видео) Саша Ковачевиќ ја претстави својата најнова песна „Пантера“, дел од проектот „METAMORPHOSIS“

Саша Ковачевиќ 


Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, важи за еден од најпознатите поп пејачи во соседна Србија. На македонската публика добро и е познат и по тоа што има одржано два големи незаборавни концерти во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, изведувајќи ги своите хитови песни кои оставија длабока трага во музичката историја.

Неговото име за прв пат го слушнавме пред 15 години со баладата „Једина си вредела“, која е хит и денес, а денес толку години покасно важи за изведувач со најдобри песни и неповторливи спотови, кои се вистинска филмска продукција.

Откако минатата година ја објави песната „Преварена“  чиј видеоспот го сними во Мароко, тој ја засили подготовката на својот нов музички албум и официјално  вчера беше претставена и првата песна со наслов „Пантера“, од вкупно четири кои се снимени во Доминиканската Република, а која е дело на Саша и неговот брат Раде Ковачевиќ, Хуан Давид Лопера Родригез, Андерсн Гирладо Меса, Луис Адалберто Хименез Урегуи. со текст на Милош Рогановиќ и аранжман на Едвин Адриан Монтес Хенао, Хуан Мануела Монтоја Гузман.
Саша Ковачевиќ

„Спремни сме на критики, затоа што луѓето се навикнати на еден стил, па ќе видиме како ќе реагираат на ова“ – изјави Саша пред премиерата на песната „Пантера“.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - YouTube

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.