Глорија и Илијан Михов -Баровеца со заеднички онлајн концерт!
Бугарската попфолк дива Глорија на 24-ти мај одржа
неверојатен концерт онлајн од својот дом во Софија, Бугарија заедно со Илијан
Михов –Баровеца.
Таа ги исполни своите народни песни собрани во нејзиниот прв народен албум „Пътеки“
од 2013 –та година, како и нејзините најнови пополнувања во овој жанр од
2018-та година. Исто така заедно со Илијан Михов исполнија и други народни
песни кои се ценети и сакани од страна на публиката, а за прв пат запеа и
заедно во дует.
„Благодарам од срце за одличните коментари. Не направивте
бескрајно среќни. Музиката повторно не собра. За нас беше чест да пееме за Вас“ –
напиша Глорија на своите профили во социјалните мрежи.
Целиот концерт е качен во нејзиниот канал во YouTube и
во секое време може да уживате во него.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Глорија
No comments