Джена со GIVEAWAY за идните матурантки
Джена |
Бугарската пејачка Джена одлучи да израдува три идни
матурантки кои завршуваат средно образование со свои три фустани, кои се дело на бугарски дизајнери,
затоа што таа како што има изјавено повеќе пати, секогаш купува одбрани бугарски
фустани од нивни дизајнери, подржувајќи го домашното производство.
Она што е заедничко за фустаните е тоа што, сите тие се
доста емотивни за Джена, како што споделуваа таа во краткото видео кое го сподели
на своите профили во Инстаграм и Фејсбук, определувајќи ги и правилата на
играта.
Фустаните, кои се дел од играта |
„За секоја девојка е многу важно како ќе изгледа на
својата матура. Секоја сака да биде убава, со стил“ – сподели Джена, дополнувајќи
дека трите девојки ќе бидат извлечени на 15-ти мај во петок, точно во 15 часот
(по бугарско време).
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments