Header Ads

(Видео) Погледнете ја баладата „Promasena“ на Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија Ражнатовиќ


Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата пејачка Цеца Ражнатовиќ пред два дена ја објави својата прва балада под наслов „Promasena“, после хитот „Volim te“ кој ги освои и нашите простори.

„Ова е песна, за која верувам дека многу девојки ја имаат преживеано низ некој емотивен однос во кој нижеле грешки по грешки и касно разбрале што добиваат, а што губаат. Со текот на времето сѐ поминува, па и болката..или едноствано учите да живеете со неа. Иако среќата е секогаш тука некаде зад аголот, чека само да ја пуштиме да ни се приближи. Колку и да делува безнадежно во некој момент на каење и мразење спрема себе си, многу е важно да знаеме дека секој го чека неговата среќа и да животот и покрај сите разочарувања и грешки, сепак е еден и е многу убав. Ве сака, Ваша Анастасија“ – напиша младата пејачка на својот канал во YouTube.
Анастасија Ражнатовиќ

Композицијата  повторно е дело на нашиот композитор Дарко Димитров со која Анастасија соработува од почетокот на својта кариера, со текст на Александра Милутиновиќ, кој сигурно нема да го остави рамнодушен секој оној кој ќе ја слушни оваа прекрасна балада. Видеоспотот е изработен од страна на NN MEDIA кој во целост ја доловува суштината на песната и имаме можност да ја видиме Анастасија во одлично светло, истакнувајќи ги сите свои атрибути блескајќи едноставно со природна убавина и прекрасниот вокал.


Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.