Header Ads

Ексклузивно: Галин подготвува нови песни

Галин


Миленикот на бугарската музика Галин, ексклузивно за телевизија Планета откри дека има готови нови музички проекти, кои едвај чека да ги претстави на своите обожователи кои со нетрпение очекуваат цела оваа ситуација со пандемијата конечно да заврши и да се вратат на нормалниот начин на живот.

Ваквата изјава од негова страна дојде откако во својот официјален профил во Инстаграм тој сподели слика со Лидија, која е дел од неговата музичка компанија Alpha Musiс.
Галин и Лидија

Што точно ни има подготвено останува да видиме само, а дотогаш уживајте во неговата последна песна „Дилема“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.