Header Ads

Ивана: „Ако сме заедно - сѐ ќе биде полесно“

Ивана


Пејачката на народот како што ја нарекуваат Ивана, е една од многуте популарни личности кои се огласија јавно по повод пандемијата која се шири забрзано низ цел свет, повикувајќи на разум, дисциплина и пред се поголема одговорност не само кон себе си, но и кон сите останатите, почнувајќи од нашите најсакани.

„И јас во почетокот како и сите луѓе, поминав низ емоции на јад, гнев, несогласност „ајде доста со тие глупости- вирусот нема да стигни до Бугарија“- да, ама не! Има проблем и тоа е факт. За себе си решив – без паника и страв. Животот треба да продолжи и ќе продолжи. Ако сме заедно сѐ ќе биде полесно. Нека да си поразговараме, да си раскажиме, да се исплачиме, да се насмееме.“ – сподели таа.
Ивана

Ивана не повикува да  го испиеме утринското кафе заедно со неа секој ден, на социјалните мрежи, раскажувајќи за нас. Со ова таа ги повика обожователите на еден пријатен онлајн разговор.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.