Header Ads

Преслава се вклучува во хуманитарниот концерт #ПомогниОтВкъщи

Преслава


На 8-ми април Преслава ќе се вклучи во двачасовниот концерт кој е со хуманитрана цел  #ПомогниОтВкъщи, а со кои парични средства ќе бидат помогнати низ цела Бугарија возрасни луѓе и деца, најпогодени од пандемијата Ковид 19, која за жал забрзано се шири низ цел свет.

Точно во 20:00 часот по бугарско време ќе се отвори концертот, кој ќе биди емитуван во програмата на БТВ и на онлајн на URBО. Поради вонредната состојба, само мал број на изведувачи ќе се вклучат на живо од студиото, додека пак Преслава ќе се вклучи акапелно од нејзиниот дом, каде што во моментов ги минува своите мигови со сопругот Павел и својата мала ќерка Паола. Која песна ќе ја претстави таа, останува да видиме, но со сигурност ќе биди балада, затоа што пред неколку дена познатата пејачка ги праша на социјалната мрежа Инстаграм своите обожователи која песна да ја исполни, по што напиша:


„Определено како што гледам, ми пишите за доста мои песни. Дури избрав веќе и неколку наслови од нив. Балада ќе биди, но сакам да ги видам сите ваши желби“. 




Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.