Header Ads

(Фото) Ви ја пренесуваме семејната празнична атмосфера во домот на Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ


Српската мега ѕвезда Драгана Мирковиќ, на социјалните мрежи сподели неколку фотографии кои се дел од празничната велигденска атмосфера, направени  во нејзиниот дом во Австрија, каде што во моментов живее во изолација заедно со нејзиното семејство.

Имено, таа и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, после многу години реновирање на средновековниот дворец Ebenfurt кој се наоѓа во близина на Виена, а кој е во нивно сопствеништво, го покажаа за прв пат екслузивно за јавноста, минатата година на роденденската прослава за нивниот син Марко.
Драгана Мирковиќ

На Велики Петок два дена пред големиот христијански празник Велигден, Драгана сподели како се подготвува за празникот во топла и пријатна,  семејна атмосфера. Фарбајќи ги велигденските јајца заедно со своето семејство, запазувајќи ја традицијата, уште еднаш докажа дека  и покрај многубројните настапи и секојдневни патувања изминатиот период,таа секогаш наоѓа време за да биде со своите најблиски.

„Со желба никогаш повеќе да не прославуваме во вакви услови и пред се чувајте го здравјето. Среќен Велигден“ – порача пејачката.



Автор - Наташа Секуловска
Фото - Драгана Мирковиќ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.