(Видео) Бони со нова хумористична песна „Вирус и секс“
Бугарската пејачка Бони, која е добро позната на
македонската публика ги изненади своите обожователи со нова песна, која
носи наслов „Вирус и секс” и е во контекст на ситуацијата во која се
наоѓаме поради пандемијата со коронавирусот.
Песната во официјалниот канал на Бони во YouTube – Boni (Official) бележи рекордна посетеност со над 200.000 прегледи за неколку дена и
е дело на самата пејачка и писателот Јордан Гергов, додека пак за аранжманот се погрижи композиторот Дејан Асенов. Видеото е
режисирано од страна на режисерот Добромир Николов и е со хумористична тема, сѐ со цел да ги развесели луѓето поради состојбата во која се наоѓаме.
„Пријатели ви ја претставувам мојата нова песна „Вирус и
секс“. Не случајно избрав да биде претставена на 23-ти април, затоа што тоа е
меѓународен ден на книгата и авторското право. И макар што пролетта оваа година
е поспецијална и невесела, сакам новата песна да ве потсети дека и покрај се,
животот е убав“ Насмевнете се!“ – изјави таа.
Во прилог, погледнете го видеото:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Бони
No comments