Header Ads

(Видео) Џулија ја продолжи линијата на хитови со песната „Чужда“

Џулија


Џулија, откако минатата година ги претстави само дуетите кон песните „Ти си“ и “Ден и нощ“ со својот сопруг Кристијан Кирилов, таа реши оваа година да заложи на самостојно музичко парче.

Песната „Чужда” ја направи својата премиера по Планета Тв, а во официјалниот канал на телевизијата во YouTube регистрира над 1.000.000 прегледи што е доказ дека интерссот кон неа не е мал, и расте секој ден.


„Чужда“ е по музика и аранжман на композиторот Даниел Ганев, додека пак за текстот овој пат се погрижи Росен Димитров. Режисер на видеото е Виктор Антонов, а во него имаме можност да ја видиме Џулија во едно секси издание кои ги воодушеви обожователите, кои побрзаа низ социјалните мрежи да искоментираат дека изгледа повеќе од одлично.
 
Џулија
Во прилог погледнете ја песната: 
     
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв    

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.