(Фото) Погледнете ексклузивен кадар од новиот видеоспот на Татјана
Татјана |
Татјана е една од најсексапилните
бугарски пејачки, која македонската публика ја има освоено уште во далечната
2003 година.
После шестмесечното отсуство од клубната сцена,
таа се враќа на музичката сцена посилна и помотивирана од секогаш. Таа пред
неколку дена сними и видеоспот кон чисто нова песна, која се очекува да излезе
наскоро, а за најнестрпливи ви претставуваме екслузивен кадар од снимањето.
Татјана |
„Работам доста и со многу други автори, од
кои некои се веќе чисто нови за мене, а некои се едни од најдобрите во Бугарија и не сакам да
грешам бидејќи немам право на грешки после песната „Записано е в сърцето ми“ и ќе се потрудам и
овој пат навистина да ги изненадам обожователите, со нешто убаво, како со
последната песна“ - сподели за нас таа,
во интервјуто кое ни го даде пред неколку месеци.
„Во моментов доста ми е тешко да кажам како
се врши изборот на песни, затоа што низ последните години работам доста многу
повеќе за разлика од порано и кога веќе имаш доста добри песни, песни кои се
памтат и изборот за нов проект ми е потежок за да изберам идна песна. Не е
лесно, затоа што определено немам право на грешки, но пак од друга страна се
радувам дека имаме во Бугарија интересни композитори со интересни предлози и се
радувам кога ќе најдам композитор кој ќе може сама мене да ме „пронајди“ како
изведувач и песната која треба да изберам треба да ја осетам лично јас, да ја
почуствувам за да ја предложам на луѓето“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments