Header Ads

(Видео) Доза љубов и силна порака за вљубените од Тања Маринова и Кирил Атанасов


Тања Маринова и Кирил Атанасов,  за само неколку месеци колку што се во музичката компанија „Пајнер“, со своите музички проекти започнаа да собираат се поголема популарност помеѓу публиката, поради што одлучија да издадат дует со кој ќе ги израдуваат своите обожователи, во кој со вокали се вклучува нивниот колега Борис Дали.

Песната “С теб, любов” е дело на композиторот Мартин Биолчев, додека пак силниот текст кој не остави никој рамнодушен е на Јордан Георгов, додека пак режисер на видеото во кое главни улоги имаат младите изведувачи е на Николај Скерлев.
„Направивме песна која долго ќе се памти, затоа што кога нешто го правиш со љубов и од срце, нема како да не му се допадне на луѓето“ – споделија  за нас Тања и Кирил.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.