Header Ads

Есил Дуран го прослави 50-тиот роденден со песната „Родина“ со која упати силна порака


Познатата бугарска пејачка Есил Дуран, на 5-ти јули го прослави својот 50-ти роденден во друштво на свои блиски пријатели и роднини.

Но, оваа година за неа јубилејот е доста личен, затоа што се навршуваат и 30 години од еден немилен настан, кога таа заедно со своето семејство во 1989 година ја напушти Бугарија и замина во Турција.

„Луѓето околу нас кажуваа дека ние си одиме дома. Но, која ја преминавме границата со Турција и дојдовме во Истанбул, јас не се почуствувам по никој начин дека сум дома. Во таа јулска горештина јас се почуствувам ужасно ладно. Ние реално умиравме и тоа беше една голема семејна и лична драма. Не знаев дали има пат за назад... одев по улиците на Истанбул, плачев и рецитирав „Јас сум Бугарка“- изјави таа пред бугарската телевизија bTV.
Во  чест на тој ден, Есил одлучи да ја испее песната „Родина“ (Татковина), дело  на Јанко Миладинов и Павел Матев, а пред многу години прв пат ја испеа пејачката Лили Иванова.

“Оваа песна е генијална, таа ги буди сите емоции кои се собираа во мене цели 30 години. Ја испеав највеќе за себе си“ – дополни таа.
Tимот на #EstradaWorld  и посакува  Среќен роденден со желби за се најубаво и уште поголеми успеси.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.