Header Ads

(Фото) Цеца со спектакуларен концерт во Прилеп!


Во Прилеп започна 17-тото издание на Пиво фестивалот, а на 19-ти јули главна ѕвезда на вечерта беше Светлана Ражнатовиќ – Цеца која по втор  пат настапува на оваа манифестација. Настапот овој пат и го следеа повеќе од 50.000 луѓе, кои се веселеа на нејзините многубројни хитови пеејќи во еден глас со неа.

„Драго ми е што сум вечерва тука и големо задоволство да настапам пред оваа публика. Јас не гостувам ретко во Македонија, тука имам голема публика која е весела и темпераментна. Прилепската публика е одлична, но кога се работи за Македонија не ми е важно во кој град настапувам секаде имаме многу публика, одлични концерт и забава“ – сподели мегаѕведата пред камерата на музика 24.
Исто така, ексклузивно ви откриваме дека Цеца подготвува нови музички проекти, но кога точно ќе бидат претставени на јавноста не е ограничена со датум,  а по тој повод изјави пред музика24:

„Полека спремаме нов материјал, никаде не брзаме. Ќе ги снимам песните кој ми се допаѓаат. Медиумите и обожавателите на време ќе бидат информирани“.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Инстаграм

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.