Header Ads

(Видео) Преслава предизвика вистинска интернет сензација со својот најнов хит „Пиян“ !


Преслава важи за една од најпознатите бугарски пејачки не само во соседна Бугарија, но и низ цела Европа, со свои турнеи во Америка, Канада и Австралија, а во летниот период забавите продолжуваат покрај Црното Море, каде што вечерва ќе настапи во Поморие, а утре во Царево претставувајќи ја својата најнова песна „Пиян“ (Пијан).

Песната предизвика вистинска интернет сензација, затоа што само за четири часа има над 170.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube и се искачи веднаш на првото место на гледаност во соседна Бугарија, регистрирајќи само позитивни коментари од страна на обожователите на попфолкот како жанр.
„Пиян“ е дело на композиторот Даниел Ганев, по текст на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, додека пак за видеото кое носи свежо и летно расположение е дело на режисерот Виктор Антонов со камерман Радослав Гочев, во кое пејачката ја гледаме во одлично издание и топ форма и повеќе од очигледно е дека мајчинството и дава се повеќе стимул за работа.

Во прилог, погледнете ја песната:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.