(Фото) Тања Маринова и Кирил Атанасов го снимија нивниот прв дует
Тања Маринова и Кирил Атанасов, иако се во музичката
компанија „Пајнер“ само неколку месеци, со своите музички проекти започнаа да собираат се
поголема популарност помеѓу публиката,
поради што одлучија да издадат дует со кој ќе ги израдуваат своите обожователи.
Изведувачите за оваа вест споделија за прв пат пред камерата
на телевизија Планета уште во пролетта, а денес потврдија дека веќе го имаат и снимано
видеоспотот кон песната “С теб любов” која ќе излези за неколку дена.
“Песната е многу убава, мелодична и на нас многу ни се
допадна и се надеваме дека ќе им се допадне и на луѓето„ – сподели Тања, додека
пак нејзиниот колега ја дополни „Верувам дека ќе биди така, затоа што неможи
да не ти се допадне нешто кое е правено со љубов“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments