Header Ads

Катарина Живковиќ го прослави 30-ти роденден со нова песна!


Српската пејачка Катарина Живковиќ предизвика воодушевување кај својата публика со песната „Клан“, која за само еден ден има над 600.000 прегледи во YouTube.


Проектот беше претставен премиерно на нејзиниот 30—ти роденден, со ексклузивна промоција на која присуствуваа многу нејзини пријатели, но и блиски роднини. Песната исто така, беше качена и во официјалниот канал на IDJVideos TV на YouTube, за која заслуга носи и композиторот Слободан Вељковиќ- Цоби, аранжман Лука Јовановиќ, додека пак текстот кој предизвика лавина од позитивни коментари низ интернет пространството е на Вукашин Јасниќ, Драгутин Гроздановиќ и Слободан Вељковиќ - Цоби.


„Ме мотивира животот општо и што имам навистина многу причини да се радувам буквално на се што ми се случува. Нема сега да набројувам по шаблон што ме мотивира, пред се ме мотивираат семејството, пријателите, љубовта итн, бидејќи сметам дека сето тоа се подразбира. Свесна сум дека сум благословена, бидејќи се занимавам со работа која ја сакам и самото се гледа дека се што работам, работам со љубов, а притоа успевам да заработам што ме прави навистина среќна“- сподели за нас Катарина во ексклузивното интервју кое ни го даде.

 Во прилог, погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.