Header Ads

(Видео) Галена ја претстави песната „Паника“ со светски видеоспот!


Бугарската пејачка Галена, важи за изведувачка која секогаш знае како пријатно да ги изненади своите обожователи.

Таа вчера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial ја претстави својата најнова песна „Паника“ која за рекордни 24 часа има над 500.000 прегледи, со што веднаш ја направи една од најслушаните бугарски песни.

Песната е дело на нашиот композитор Јорданчо Василкоски – Оцко, со текст на Анастасија Мавродиева, додека пак неверојатниот видеоспот кој собра илјадници позитивни коментари е на режисерот Салих Сали, со камерман Бруно Амарал, снимен во Шпанија.
Во видеоспотот имаме можност да го видиме спортскиот автомобил De Lorean DMC-12, познат од трилогијата на  Роберт Земекис -"Враќање во иднината“, како и природниот парк  Барденас Реалес, кој беше составен дел од снимањето на филмот „Игра на тронови“, но дел од него беше прикажан и во филмот за Џејмс Бонд – „Еден свет не стигнува“.

Галена, како и секогаш изгледа повеќе од одлично, а за нејзиниот стајлинг се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател и стилист Добромир Кирјаков.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.