Header Ads

Татјана ја продолжи хитовата серија со песната „Само с теб“


Бугарската пејачка Татјана денес ја претстави својата долгоочекувана песна „Само с теб“, после мегахитот „Записано е в сърцето ми“ од почетокот на оваа година.

„Во моментот имам неколку проекти врз кои работам, со сигурност во почетокот на летото, затоа што сега сепак сме средината на месец мај ќе го презентирам новиот ми проект. Работам доста и со многу други автори, од кои некои се веќе чисто нови за мене, а некои се едни од најдобрите во Бугарија и не сакам да грешам бидејќи немам право на грешки после песната  „Записано е в сърцето ми“ и ќе се потрудам и овој пат навистина да ги изненадам обожователите, со нешто убаво, како со последната песна“ – сподeли за нас Татјана пред неколку седмици.
Парчето е по музика и аранжман композиторот Даниел Ганев, додека пак неверојатниот текст кој предизивика лавина од позитизни коментари низ социјалните мрежи, пред се со силната порака која ја шири, а тоа е дека љубовта е најубавото чувство на светот е дело самата пејачка. Видеото е снимано на островот Кипар, од страна на режисерот Николај Скерлев.

Во прилог погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.