Header Ads

(Интервју) Румина: Денес да издадеш нов албум означува престиж!


По повод четвртиот роденден на вашиот омилен музички сајт, ви подготвивме многу изненадувања, од кои едно е ексклузивно интервју со ѕвездата на Ara Music - Румина. Имено тоа е името за кое се зборува многу често кога станува збор за попфолкот во соседна Бугарија, затоа што  младата пејачка не го привлече вниманието на публиката само со својата убавина, но и поради прекрасниот музички талент кој го поседува. На македонската публика добро и е позната од музичките емисии на легендарниот Драган Вучиќ, во кои често беше специјална гостинка. Во ексклузивното интервју за нас, ќе дознаете дали подготвува нова песна, зошто одлучила да стани пејачка, како и дали ќе го пушти во продажба наскоро својот втор музички албум.

Здраво Румина. Вистинско задоволство е за мене да бидеш моја гостинка, затоа што македонската публика те познава одлично. Пред многу години го фокусира вниманието кон себе си со песната „Жестоко“. Би ли направила продолжение на таа песна?

Здраво и од мене. За мене, исто така е големо задоволство.  Благодарам за поканата. Немам намера да правам продолжение на таа песна, затоа што во нејзиното време беше голем хит, кој продолжува и до ден денес да се памти!

Сите оние кои не го знаат и не го следеле твојот старт на твојата музичка кариера, ќе ни раскажеш ли на кратко како реши да станиш пејачка?

Тоа е долга историја, но на кратко ќе ја раскажам. Започнав со часови по солистичко пеење во град Пловдив, а потоа по рестораните со оркестар цела година. Одлучив и се јавив на еден кастинг во Ara Music и ме одобрија. Од таму започна се, односно мојата професионална кариера.
Во текот на 2012 година одлучи да се повлечиш од музичката сцена, а минатата година повторно се врати. Што беше решавачко за да го направиш тој чекор?

Се повлеков затоа што ми се случи најубавото нешто во мојот живот, а имено да станам мајка на едно прекрасно момченце. Не сакав веднаш после раѓањето да се вратам да пејам, затоа што сакав да се посветам на него, да ги слушнам неговите први зборови, да ги осетам првите мигови и секако првите чекори. Сега откако порасна, одлучив дека можам да се вратам. Затоа што музиката ми недостасуваше многу.

Како се чувствуваш после сите убави песни кои ги направи последниве неколку месеци? Задоволна ли си од успехот на песната „Тая ненормална“?

Само публиката и моите фанови се тие кои можат да кажат  дали тоа кое го правам им се допаѓа. Лично јас од песната „Тая ненормална“ сум многу задоволна. Но, секогаш си повторувам дека може и повеќе! Едноставно се воодушевив од самата себе овој пат.
Имаш ли планови, со кои автори ќе работиш и какви музички проекти ќе ни претставиш до крајот на оваа година?

Да, се разбира.Во моментов работам врз две песни истовремено, живот и здравје се надевам за брзо да ги израдувам сите  кои го ценат и сакаат она што го правам со нешто ново, а зошто не пак и сите на кои не им се допаѓам (се смее).

Во последно време во нашите соседни држави, изведувачите започнаа барем еднаш годишно да издаваат нови музички албуми, а во Бугарија за жал тоа е ретка појава во последниве неколку години.Според тебе на што се должи тој факт?

За жал интернет пространството промени се. Сега секој може да си ја симни песната од интернет, зошто да дава пари да купува албум. Затоа и започнаа се поретко да се прават и издаваат музички албуми. Сега албумот стана еден вид на престиж.
Ти подготвуваш ли нов музички албум?

На оваа етапа,не мислам да издавам музички албум.

Планираш ли во скоро време да запишеш балада, мислам дека твоите фанови очекуваат таква песна одамна од тебе.  

Да, балада мислам да направам, но малку подоцна со тек на времето.

„Вдигни очи към Пирина“ е песна за која мислам дека ќе остане во времето со својот силен текст, но зошто не запишеш нова народна песна?

Благодарам, ќе има и таква наскоро.

Имаш ли омилена македонска песна?

Да, секако тоа е песната „Назад, назад Калино моме“.
Тешко ли е да се биде мајка и пејачка во исто време?

Да, малку потешко е. За да не ја занемариш грижата за детето, а во исто време и работата која ја сакаш, навистина е потешко. Но, кога нешто правиш со љубов, работите одат напред и се остваруваат.

Кои се твоите планови, очекувања, надежи, одтука натаму?

Планови имам, а за очекувања ќе покаже времето.

За крај ти благодарам уште еднаш за оделеното време и се надевам наскоро да дојдеш во Македонија и да направиш еден феноменален концерт. Која е твојата порака за читателите на Estrada World?

И јас бескрајно ви благодарам за ова интервју! За мене беше задоволство.  Им посакувам на сите читатели на Estrada World многу здравје и да ја слушат музиката која им се допаѓа.  Ви испраќам многу бакнежи од мене!



 Интервју: Наташа Секуловска за Estrada World 
 Дизајн: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.