Ексклузивно: Преслава се врати на музичката сцена
Бугарската мега музичка ѕвезда – Преслава, откако на
14-ти септември стана мајка за прв пат и
на свет ја донесе својата ќерка Паола, одлучи да ги изненади своите обожователи со премиера
на нова песна придружена со видеоспот.
Песната „Да гори в любов“ беше промовирана на 28-ми
септември по телевизија Планета, како и
во нејзиниот официјален канал во YouTube – PlanetaOfficial, регистрирајќи над
700.000 прегледи за нецели два дена.
Музичкото парче наиде на одлични позитивни коментари од
страна на публиката, а исто така можат да се прочитаат и многубројни пофалби за одличниот изглед и стајлинг
на бугарската попфолк дива.
„Да гори в
любов“ е по музика и аранжман на Даниел Ганев, а текстот е на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Људмил
Иларионов – Љуси, кој овој пат одлучи видеоспотот да го сними во Lighthouse Golf & Spa Resort – Балчик, Бугарија, прикажувајќи неверојатен поглед кон Црното море.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов
No comments