Гергана се врати ударно на музичката сцена со песната „Само за теб“
Гергана се врати ударно на музичката сцена со песната
„Само за теб“. Русокосата пејачка, која долго време беше отсутна од музичката
сцена и целосно посветена на своето образование, оваа година одлучи да се врати
на сцената.
Најпрвин во текот на месец мај се вклучи во песната „Ако
нямам теб“ на нејзиниот колега Лазар, а пред неколку дена го претстави и својот
долгоочекуван самостоен проект.
Песната „Само за теб“ е дело на нејзините колеги и
пријатели Николај Николов Ni.co и Павел Долгериски, кои кон крајот на јуни
претрпеа тешка сообраќајка, која беше фатална за Ni.co, а Павел сеуште
продолжува да се бори за својот живот. Видеоспотот кој го режисираше Јордан Петков, е сниман во Софија.
„Благодарна сум на судбината што пред две години ме
сретна со овие талентирани музичари и пред се вистинки луѓе. За мене е чест што
ги познавам. Верувам дека низ песната
„Само за теб“ нивното искуство продолжува да живее. Многу ми недостасуваат“ –
сподели Гергана пред телевизија Планета.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments