Ивана грее на музичката сцена цели 19 години
Ивана-многумина ја нарекуваат "душата на попфолкот",
а други - "пејачката на народот". Имено точно на денешен датум
(14.09) пред 19 години пејачката стана дел од музичката компанија
"Пајнер" и даде почеток на една прекрасна кариера.
Почетокот на оваа блескава кариера е поставен во ресторан
"Приказните" во Харманли, а годината - 1999-та. Настапот на Ивана и
нејзиниот оркестарот во локалот е повеќе од импресивен, па лично шефот на
"Пајнер" инж. Митко Димитров, кој е меѓу посетителите, ја поканува на
масата и и нуди договор. А таа, збунета доцни со одговорот цели 20 дена, но на
14 септември 1999 година го потпишува договорот, а првата запишана песна и се
вика „Идол“.
Благодарение на вокалните способности, на неодоливиот шарм и харизма, многу
брзо Ивана го привлече вниманието на обожавателите и стана најголемата ѕвезда
во соседна Бугарија.
"Големата" дама од малиот град, започна
различна претставата за попфолкот и успеа за сите овие години да го запиши
своето име со златни букви во историјата на жанрот.
Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од
најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините
концертни настапи, со кои таа блеска цели 19 години и не остави рамнодушен ниту
еден обожавател на поп-фолк музиката.
Повеќепати самата таа сепак споделуваше дека ниту
наградите, ниту материјалните работи кои ги добива од својата професија не ја
држеле силна на врвот целото тоа време, туку нејзината подршка отсекогаш била
публиката која ја претвори во она што е таа во моментов - вистинска ѕвезда.
Сите
нејзини обожователи ќе може да ја слушнат на живо утре во градот Сливен, на
фестивалот „100-те војводи“, со почеток во 21 часот, а влезот е слободен.
Целиот тим на Estrada World и посакува уште поголеми успеси, здравје,
љубов, многу нови песни и успешна соработка уште долги години.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments