Тони Дачева ја откри сезоната со нова балада
Емблемата на бугарскиот попфолк Тони Дачева, после
песната „Играч“ која ја претстави ова лето и веднаш се претвори во една од
најслушаните песни за летната сезона, одлучи своите обожователи да ги израдува
со нова песна.
“Чудото Любов” е најновиот видеоспот на пејачката
кој може да го гледате по Планета Тв, како и во официјалниот канал на музичката
телевизија во YouTube – PlanetaOfficial. Баладата е по музика и аранжман на
Светослав Лобошки, со текст на Лилјана Димова, додека пак спотот кој е сниман
на Црното море е на режисерот Ивајло Спасов.
Фото -Планета ТВ
No comments