Header Ads

Ексклузивно: Сузана Спасовска подготвува нов музички албум

По повод својот 30-ти јубилеј македонската фолк дива Сузана Спасовска подготвува нешто извонредно за вистинските ценители на македонската музика. Станува збор за нов музички албум „Тагувам со насмевка“, кој се очекува да се појави наскоро на музичкиот пазар.

Неговата појава беше најавена со песната „Рамо за плачење“, која се здоби и со видеоспот кој го изработи  продукција Фабрика, а песната е дело на Љ.Чедомирски (музика и текст). Во спотот главната улога ја има ќерката на Сузана, која  се вика Теона и за прв пат се појавува во јавност.

Исто така, Сузана покрај подготовката на новиот албум, настапи и на Лешочки фестивал и е дел од организацијата на истиот. Таа на фестивалот ја претстави песната „Еј убав ден“ со тв-верзија, која е по музика на Гоце Џуклески, текст на самата изведувачка и Илче Ѓорѓијоски, а аранжман на Сашо Ливрински.

Ексклузивно ви откриваме дека јубилејот покрај со нов албум, ќе биде придружен и со извонредно издание кое детално ќе го претставиме, а дотогаш ни останува да уживаме со двете нови песни.





Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.