Header Ads

(Видео) Јаница со премиера на нова песна по повод нејзиниот роденден


На 22 септември бугарската изведувачка Јаница го прослави својот роденден, а по тој повод во ефирот на Планета ТВ премиера направи нејзината најнова песна “Въртележката”.

Песната е дело на Даниел Ганев (музика и аранжман), со текст на Петја Радева. Режисер на видеоспотот е Георги Марков, со кој сексапилната пејачка соработува долги години.
“Въртележката” ја направи и својата премиера и на живо во познат клуб во Софија, каде што Јаница го прослави и својот роденден споделувајќи и слика на социјалната мрежа Инстаграм од  111 рози, за која искоментира дека и се подарок од специјален за неа маж.

Тимот на #EstradaWorld и посакува многу професионални успеси и среќа на секое поле во животот.

 Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.