(Интервју) Џулија: „Сакам да направам дует со Галена“
По повод четвртиот роденден на вашиот омилен музички
сајт, ви подготвивме многу изненадувања, од кои едно е и интервју со новата
ѕвезда на Планета Тв – Џулија. Имено тоа е името за кое ќе се зборува многу
почесто кога станува збор за попфолкот во соседна Бугарија, но и за народната
музика, затоа што младата пејачка не го привлече вниманието на публиката само со
својата убавина, но и поради прекрасниот музички талент кој го поседува. Во ексклузивното
интервју за нас, ќе дознаете дали подготвува нова песна, со кои изведувачи
сонува да запиши дует и дали ќе го пушти во продажба наскоро својот прв музички
албум.
Здраво Джулија, за мене е
вистинско задоволство повторно да бидеш моја гостинка. Ти успеа да се истакниш
уште со твојот прв музички проект „Искам от теб“ и определено ги затврди сите
очекувања за сериозна иднина на музичката сцена. Се чуствуваш ли веќе познато
лице кога одиш зад граница?
Да, така е веќе се чуствувам.
Луѓето ме научија не само во Бугарија, но и во странство на истиот начин. Ги
знаат моите песни, но таму нели се пејат и народни песни, но во целина да.
Започна и сo меѓународните
настапи за ова лето. Имено пред извесно време во Германија направи одличен
концерт. Какви спомени понесе од таму?
Беше многу убаво и навистина
пријатни луѓе, едноставно направивме одлична забава затоа што покрај другото,
направивме и неколку народни ора и на нашите бугарски песни многу се радуваа
луѓето, се беше неверојатно за мене.
Многу малку луѓе знаат дека
ти се прекрасен изведувач на народни песни. Изненадени ли се твоите гости на
настапите ти кога ќе им исполниш таков тип на песни?
Ами заради тоа, гледам да ги
израдувам се почесто така, затоа што не знаат дека јас всушност имам завршено
народно пеење и навистина им е интересно и сакам да им покажам и да знаат дека
можам да пејам таков стил на музика и се радуваат навистина. Тоа го видов баш
сега тоа во Германија и бев многу задоволна.
Ти имаш завршено народно
пеење во НУФИ "Филип Кутев" во
град Котел. Да очекуваат ли твоите фанови народна песна од тебе?
Со сигурност, но не знам
точно кое време, можеби зимата, не знам со сигурност за да кажам, но ќе пуштам
нешто во таков стил.
Од која фолкорна област ќе
биде таа песна? Или уште е рано да се зборува?
Ами јас сум од добруџанскиот
крај, така да најверојатно од мојот крај, но зависи која ќе биди песната. Ако е
нешто убаво, нема значење од кој крај ќе биди.
Како се чуствуваш после сите тие убави песни
кои ги направи во последните неколку месеци?
Прекрасно, се радувам дека
луѓето ги оценуваат онака како што ние ги направивме со многу љубов, со многу
работа и навистина работата врви многу добро, а тоа можи само да ме радува,
дека на таков начин се оценуваат песните.
Со Анелија ја претставивте
песната „Бръммм“, која за кратко време
се претвори во вистински хит. Како се роди идејата за оваа неверојатна
соработка?
Преку Николај Пашев. Едноставно
која ја слушнавме песната знаевме дека треба да биди дует и имаше доста
коментари од обожователи дека сакаат дует со Анелија и предложивме неа и таа се
согласи. Мислам дека настана сериозен хит за ова лето, барем така јас го чуствувам.
Со твојата друга колешка
Галена направивте вистинска сензација, кога таа се вклучи во твојата песна „Поздрав за жена ти“. Имате
ли можеби план да направите и еден дует?
Со неа би направила со
големо задоволство, само да имаме песна која ќе одговара, затоа што сметам дека
може да се случи нешто. Ќе ја прашаме и неа и ако таа се согласи, јас би се
радувала.
Подготвуваш ли ново парче за
есенскиот период? Ќе работиш ли над него повторно со Diamond Beat Production?
Работам, но навистина во
моментов, нема уште нешто конкретно кое можам да го откријам.
До каде си со подготовката
на првиот музички албум?
Сметам да почекам уште
неколку песни да се соберат и тогаш ќе го пуштам.
До крајот на оваа година да
го очекуваме ли?
Можеби почетокот на идната
година.
Новинарите, па ни твоите
колеги не можат да кажт дека си личност која се потпира на скандалите, затоа
што на тој начин никогаш не си градела кариера, како што некои од твоите колеги
прават. Го споделуваш ли мислењето дека со добра песна може да се изгради
одлична кариера?
Апсолутно сум на мислење
дека песната е од важност, но како целина збирот од многу работи е важен.Пред
се е најбитно да се работи здраво, но да сепак добрата песна може да ја изгради
кариерата.
Има ли изведувач со кој
мечтаееш за да направиш дует?
Ами во моментов за дует не
мислам, но со Константин во принцип сакам пак да направам дует, но и со Галена.
Македонската публика те
очекува со нетрпение, дали можеби имаш некоја покана за настап тука?
Чекам со нетрпение хаха
покана во блиско време и со големо задоволство ќе ви гостувам. Многу сакам да
пејам македонски народни песни и со задоволство ќе ги изведам и таму.
Имаш ли некакво животно мото
по кое се раководиш или се оставаш на судбината?
„Биди себе си“ тоа ми е
мотото кое досега не ме изневерило, сметам дека тоа е основното кое ти треба
за да одиш напред.
И за крај, која е твојата
порака за читателите на Estrada
World?
И на нив им посакувам да
бидат себе си, да ги следат своите желби и да бидат весели. Имајте убаво лето.
Автор - Наташа Секуловска за Estrada World
No comments