Погледнете го проектот „Mojih 9“ на Катарина Живковиќ
Српската пејачка Катарина Живковиќ предизвика
воодушевување кај својата публика со феноменалниот проект „Mojih 9“.
Станува збор за девет песни од репертоарот на познатата
изведувачка кои добија свој нов аранжман со акустичко издание, а вчера беше претставена на публиката и последната песна „Devet
meseci“ од овој феноменален проект кој ќе излези како албумско издание наскоро.
Потсетуваме дека феноменалната баладата која ја обележа кариерата на Катарина е
дело на Милош Вукасиновиќ (музика) и Зоран Милановиќ ( текст). Новиот аранжман
го изработи Даниел Јовановиќ.
„Го направив она што мојата публика го бараше од мене, а
на мене е да им овозможам албумско издание на проектот„ Mojih devet“
на кој го голема љубов и вредно работев, без големи медиумски
реклами и најавувања. Досега излегоа четири акустични верзии,
останаа уште пет, а морам да ја пофалам и екипата Royal Arta без кои
телевизиските верзии немаше да изгледаат убави како што се. Тие навистина се
потрудија и го дадоа својот максимум со последната песна „Devet meseci“ и
целиот албум ќе биди комплетиран и пуштен во продажба“ – сподели Катарина
екслузивно за нас.
Како звучат деветте песни во акустична верзија, погледнете
ги на следниве линкови:
No comments